дома животен стил Мудрост е да знаете кога да возвратите „удар“

Мудрост е да знаете кога да возвратите „удар“

389
0

Конфликтите се составен дел од животот на луѓето и тие се нормална и застапена форма на социјални релации. Сепак најдобриот начин конфликтот да се реши е тој да се избегне целосно, односно да се спречи воопшто да дојде до конфликт.

Во таа ситуација се штедите и себе си и другите, ја штедите сопствената енергија, го насочувате вниманието на конструктивни а не на деструктивни работи и имате душевен мир.

Сепак во животот ќе наидете на секакви луѓе и ситуации, а понекогаш луѓето знаат да бидат сурови и да се обидуваат да ви нанесат штета од мал милион мотиви.

Во некои ситуации треба да го свртите другиот образ, а во некои треба да играте на „око за око, заб за заб“. Еве како да препознаете кога да возвратите на удар:

Проценка на личноста

Некои луѓе во животот може да ве повредат, но покрај својата „темна“ страна вие сте се увериле дека постои и нивна светла страна. Свртете го другиот образ само доколку сте сигурни дека со тој потег ќе предизвикате поука кај другиот дека добрината и убавината е секогаш начин на решавање на конфликтите и дека нема потреба од ширење на омраза.

Доколку процените дека намерата на другата страна од конфликтот е само да ве уништи по секоја цена и дека нема простор за извлекување на животна поука, тогаш е време да возвратите на ударот од природна и нормална потреба да се заштитите себе.

Во војна секој губи

Не се плашете да бидете во конфликт и да војувате ако тоа е неопходно. Во војната губите вие, но губи и вашиот противник. Ако не можете да ја спречите војната со тоа што ќе предизвикате љубов кај спротивната страна, тогаш ставете крај на војната со тоа ќе предизвикате страв, загуба или пораз поради кој некој ќе се повлече од идејата да војува со вас.

Војната ве вади од вашата комфортна зона

Конфликтот ве вади од вашата сигурна зона и ве прави покреативни во изнаоѓање на методи и стратегии за одбрана и напад.

Ако одлучите дека сепак треба да влезете во конфликт со некој ќе научите многу за самоконтрола и ќе станете попресметливи во своите постапки.

Во војната има победници, потрудете се да ја добиете војната

Некои луѓе влегуваат во војна со другите затоа што имаат потреба да бидат постојано во конфликт. Тие несвесно и непромислено влегуваат во конфликт несвесни што се може да изгубат и фокусирани само на тоа што другиот може да изгуби. Тие веројатно не очекуваат дека ќе им возвратите на нападот кога ве „покачиле“.

Ако веќе влегувате во војна покажете им на своите противници дека „војната“ се игра заради некоја цел и за неа е потребно многу мудрост и вештина.

Бидете храбри

Не дозволувајте никому да ви ги премине границите на сопствените принципи и не наведнувајте глава пред никој. Бидете храбри и доколку некој ве нападне силно одговорете на ударот, тоа е најмалку што можете да го направите за себе. Никогаш немојте да се исплашите или повлечете од нападот.

Кога сите мислат дека ве удриле доволно силно за да ве повредат и стават на дно, време е да им покажете како се игра војна!

Се војува само ако се чувствувате обесправени

Ако некој ви нанесува штета без да му дадете никаква причина и бирајќи подли средства за да ве деструира наместо да се соочи со вас на „фер“ начин, никако не смеете да останете боксеркса вреќа по која некој ќе удира. Давајте отпор и возвраќајте со напад.

претходниот член,Масовни протести во Мадрид против задолжението за носење на заштитна маска
Следната статијаИнспиративна приказна за боксер од Аушвиц кој боксувал за да добие корка леб која ја делел со другите

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде