Според СЗО за човек да го задржи своето здравје, треба да има има редовни течни и топли оброци.

За редовен оброк се смета оброк земен најмалку два пати во текот на денот. А за течен оброк на прво место се смета супата.

Супа има бројни придобивки за здравјето на луѓето, но сепак од супа до супа постои разлика и тоа токму во нејзините состојки.

Еве кои состојки треба да ги содржи една супа за да се нарече здрав оброк:

Зеленчук

На прво место е зеленчукот. Морков, брокула, спанаќ или грашок се идеален додаток за вашата супа. Зеленчукот не треба да го варите долго време како тестенитите од супата, доволно е да го додадете неколку минути пред крај и да го оставите да постои во садот со супата.

Што помалку се подготвува тоа повеќе свежи состојки задржува зеленчукот.

Супа со помалку тестенини

Има супи кои содржат многу тестенини и се доста хранливи и содржат висока доза на шеќери. За подготовка секогаш избирајте супи кои содржат помалку тестенини.

Повеќе течност

Бистрите супи имаат повеќе течности. Водата од супата ви ги надокнадува електролитите во организмот и е идеална храна во време на вируси бидејќи го одржува нивотот на хидратација во организмот на оптимално ниво.