Во секојдневниот говор, луѓето најчесто го употребуваат терминот „кафана“. Зборот кафана во нашиот јазик повеќе е воведуван во употреба отколку интернационалниот збор „ресторан“. Во етимолошко значење, зборот „кафана“ е место каде што се пие кафе. Потеклото на зборот се врзува со историскиот контекст, односно со стариот турски стил на уредени чаеџилници, каде што често се служело турско кафе и турски чај.

Зборот кафана останал во употреба и денеска, но значењето на зборот видно се променило како резултат на општествените промени. Денеска под „кафана“ се подразбира место каде што луѓето може да се социјализираат, да го поминуваат своето слободно време во друштво со драги луѓе и да бидат послужувани со храна и пијалоци. Во денешен контекст „кафана“ е синоним за збирно место, како што некогаш во селските предели тоа било „чешмата“ или центарот на селото.

Во кафана се разменуваат зборови, се користи просторот за разонода, но и за формирање на нови или стабилни меѓучовечки односи. Кафана е место каде што се споделуваат информации, се случуваат бизнис средби, се носат одлуки, луѓето се заљубуваат, се караат, дебатираат, разменуваат зборови за поддршка, преиспитуваат одлуки, но и се спријателувате со нови луѓе, се случуваат запросувања, потрага по кумство и се зацврстуваат веќе постоечки пријателски односи.

Кафана е многу повеќе од угостителски објект во кои луѓето само доаѓаат на доручек, ручек или вечера.

Image may contain: people sitting and outdoor
Сите гостилници се слични една на друга, само „Кај баба Цана“ е посебна

За една поинаква кафана „Баба Цана“

Брендот на „Баба Цана“ е основан во далечната 1921 година и од тогаш до денеска претприл низа промени и опстанал и згора на сите предизвици што ги носи времето и општествените промени.

Денеска гостилница „Кај баба Цана“ се наоѓа спроти Кино Козјак (ул.Партизанска бр. 3) во Куманово и претставува синоним за „кафана“ која ги преживеала сите времиња и го носи духот на кафана во вистинска смисла на зборот.

Во гостилницата „Кај баба Цана“ е сместен кумановскиот менталитет, начинот на живот, а кафаната мириса на историја и спомени кои токму на тоа место ги граделе низа генерации.

И покрај етно амбиентот во кој е уредена гостилницата, сепак таа ги следи и новите трендови усогласени со потребите и интересите на клиентите.

Усогласена со вкусовите на различни профили на луѓе

Во кафаната може да сретнете различен профил на луѓе од сите возрасти, од двата пола, со различно образование, професија, интереси, хобија и со различи стилови на живот.

Диверзитетноста на посетителите укажува на подготвеноста на менаџментот да ги обедини сите вкусови и соодветно да одговори на различни барања на своите клиенти.

Секогаш нови понуди и решенија

Менаџментот на гостилницата „Кај баба Цана“ се грижи да даде различни понуди и решенија на ситуациите.

Тие често имаат измени во своите менија, промотивни цени и други понуди поврзани со семејни и друг тип на колективни прослави.

За да бидете во тек со целата маркетинг агенда на гостилницата можете да ја следите нивната Facebook страна (https://www.facebook.com/kajbabacana/) која редовно се ажурира. Или да се јавите на некој од следните броеви 070/700-526 или 031/550-820 и да ги дознаете сите за вас потребни информации.

Image may contain: 2 people, people smiling, table and indoor
Резервирајте ја својата маса

Идејни решенија за време на епидемијата

Гостилницата „Кај баба Цана“ има одговор и на ризиците што ги носи епидемијата предизвикана од вирусот КОВИД19.

Менаџментот се грижи за обезбедување на сигурен и безбеден престој во гостилницата, но и да ја ублажи ригорозноста на протоколите кои по се изгледа ја намалуваат атрактивноста на угостителските објекти.

Во овој момент во гостилницата се поставени проѕирни, пластични табли помеѓу масите, кои го спречуваат блискиот и ризичен контакт помеѓу луѓето, но не им го одземаат чувството дека се наоѓаат во ист заеднички простор и комуникабилноста.

Менаџментот на гостилницата изјави дека епидемијата придонела за тоа угостителските објекти низ светот да претрпат штета, но тие секогаш се грижат пред се за здравјето на своите клиенти.

Тој нивен однос укажува на тоа дека кон клиентите не гледаат само како кон минлив дел од приказната, туку со особена грижа и почит.

Препораки

Ако прашате каква е препораката на кумановци, но и луѓе од цела Македонија кои еднаш престојувале во гостилницата, генерално ќе добиете добри препораки за гостилницата.

Дури понекогаш се применува фразата: „Кој еднаш бил, повторно се враќа во тоа преубаво место“.

Брендот „Баба Цана“ е ретка успешна приказна од нашите простори која зад себе има историја, имиџ и во која задоволните клиенти придонесуваат за развој и опстанок на брендот.

Негувањето на традицијата и брзото прилагодување кон промените е тајната формула на успехот на ова гостилница.

*Комерцијална објава