Секој од нас се соочува со животни предизвици на кои е подготвен или не да одговори.
Исти животни ситуации во различни периоди од животот кај ист човек се рефлектираат различно, понекогаш човек се презаситува од одредени настани кои му предизвикуваат стрес, анксиозност и негативни емоции.
Она што треба да го направите не е преиспитување, интроспекција или разговори со себе што само може да ви го продлабочат проблемот, туку привремено дистанцирање од него.
Во моментот кога ќе почувствувате дека се ви е преку глава:
- Дајте си оддишка
- Направете некоја блага лудост
- Опкружете се со луѓе кои ве смејат до солзи
- Излезете во најблиската кафана
- Заминете во планина
- Организирајте си патување
*Направете било што за пресекување на проблемот како „Гордиевиот јазол“. Тоа што во тој момент ве прави среќни, ќе ве ојакне и ќе ви даде дополнителна мотивација да се вратите на проблемот и да го надминете!