Никола Јанкуловски повторно е избран за ректор на универзитетот „Кирил и Методиј“. Тој освои убедливо мнозинство на денешните избори за ректор, и доби мандат да го води универзитетот од 15-ти септември годинава, до 15-ти септември 2023-та година.

Јанкуловски, кој е редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, беше меѓу седумтемина кандидати за ректор.  Во записникот на универзитетската изборна комисија пишува дека нема неправилности и проблеми при гласањето и дека гласањето, во целост е спроведено законски.

Сакам да изразам огромно задоволство од изборниот резултат, во трката, во која учествуваа 7 кандидати, бидејќи подршка ми дадоа 552 професори што изнесува околу 64 проценти. Излезноста и покрај обидите за опструкција, како и поради последиците од Ковид состојбата, беше огромна, односно изнесува над 66 проценти. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на електоратот на УКИМ, кој ми ја даде својата подршка, но и на оние кои не го сторија тоа. Ја користам оваа прилика, најискрено да им ја подадам својата рака и да ги поканам на заедништво и соработка, се во насока на реализација на Програмата за работа за наредниот тригодишен период, заради која ми ја дадоа својата доверба, покрај досега сработеното и постигнатите резултати, рече Јанкуловски.

Од вкупно илјада 450 гласачи, за ибор на ректор гласаа 942-ца члена на наставно-научните совети. 106 ливчиња се неважечи, а 478 се неискористени. Не се гласаше на факултетот за драмски уметности.

Околу изборот за ректор на УКИМ често избиваа скандали, а во јавноста одекна и конфликтот помеѓу проректорите кои отворено го изразија своето незадоволство од работата на ректорот. Особено проблематично беше тоа што изборите за ректор се реализираа во услови на епидемија кога високото образование функионира под сосема нови услови и околности, а уште не е прилагодено на новосоздадените услови за работа во услови на епидемија.

Извор: telma.com.mk