Наслов „Зошто големите сили молчат за Трамповиот успех на Блиски Исток и на Балкан“ се појави во престижниот српски медиум „Новости“.
Во анализата на „Новости“ се тврди дека сојузот на Србија, Македонија, Косово и Албанија означен како „Мини-Шенген“ е подржан само од Трамп.
Соработката на Србија, Македонија, Косово и Албанија се заснова на скоро идентични темели како и ЕУ.
Имено државите се согласни за тргање на царинските и административни процедури, слободна трговија, движење на граѓани, отворени работни места и за државјани на друга држава од зоната и сл.
Овој сојуз не го поздравува никој освен Трамп и САД, особено ЕУ молчи околу преговорите за „Мини – Шенген“ по што логично се поставува прашањето дали „Мини – Шенген“ е Трампов продукт со кој тој прави конкуренција на ЕУ?