дома информација вест Јоко Оно со тужба до близок соработник на Џон Ленон бидејќи откривал...

Јоко Оно со тужба до близок соработник на Џон Ленон бидејќи откривал вистини за нивното семејство

901
0

Јоко Оно го тужи поранешниот личен асистент на нејзиниот покоен сопруг Џон Ленон, тврдејќи дека тој повторно се обидел да профитира од нејзиното семејство и покрај тоа што претходно се согласил да не дава никакви интервјуа за работењето со легендата на „Битлси“.

Според порталот „ТМЗ“, Оно (87) поднела нова тужба против Фредерик Симен – кој работел за Ленон 18 месеци до неговата смрт во 1980 година – бидејќи смета дека тој прекршил претходна судска наредба што го спречува да дава интервјуа за музичката икона.

-Вдовиата на Џон Ленон не дозволува интервјуа и изјави поврзани со нивното семејство на поранешни блиски соработници на Ленон.

Оно тврди дека Симен на 10 септември дал 23-минутно интервју на кое говорел за животот на Ленон и околу него биле изложени сувенири на пејачот, што е спротивно на договорот од 2002 година, кој го обврзува да остане тивок за неговиот краток работен однос со семејството Ленон.

Оно бара 150.000 долари заедно со друга отштета, во обид да го натера Симен да се воздржи од понатамошно профитирање од Ленон.

Извор: Нова Македонија