Рускиот претседател Владимир Путин е заштитен од новиот коронавирус со посебен тунел за дезинфекција преку кој мора да помине секој што доаѓа да го посети во неговата резиденција во близина на Москва, јави новинската агенција РИА.
Специјален тунел, произведен од руска компанија со седиште во градот Пенза, беше поставен во официјалната резиденција на Путин во Ново-Огариово.
Демонстрациска снимка од тунелот што РИА ја објави во вторникот ги прикажува луѓето со заштитни маски кои минуваат низ него, и средство за дезинфекцијата ги дезинфицира од таванот и од страна.
Дмитриј Песков, портпарол на Путин, во април изјави дека некој за да има средба со Путин прво мора да биде тестиран од новиот вирус.
Русија бележи повеќе од 500.000 случаи на инфекција, трето највисоко во светот по Бразил и Соединетите држави.
Извор: index.hr