Почнувајќи од денеска, во текот на овој продолжен викенд граѓаните на Македонија ќе може да ја користат мерката „викенд без ДДВ“.
Станува збор за мерка од четвртиот сет на антикризни мерки која предвидува укинување на ДДВ кај производите што ќе бидат купувани во текот на овие три дена.
На некои производи ДДВ изнесува 5%, додека на други 18% од вкупната цена на производот.
Ова мерка се применува за домашни производи, ИТ опрема и друг тип на услуги. Граѓаните покажаа особен интерес за купување на ИТ опрема во време на „викенд без ДДВ“.