Од денеска се укинува забраната за движење надвор од граничните премини на Македонија и границите повторно функционираат на ист начин како пред епидемијата.
Ова одлука на владата е донесена врз барање и препорака на Комисија за заразни болести на владината седница во вторникот.
Обврска за негативен ПЦР тест и изјава за самоизолација во траење од 14 дена се укинува, а македонските граѓани ќе може да се движат преку границите на ист начин како претходно.
Денеска се отвораат и двата аеродроми „Свети Апостол Павле“ во Охрид и меѓународниот аеродром во Скопје и авиосообраќајот исто така се враќа целосно во нормала.
Извор: mia.mk