Дали сте постојано уморни, не можете доволно да спиете, дури и кога „бодите“ 10 часа не ви се доволни? Веројатно сте си поставиле дијагноза и сте ги припишале сите овие симптоми на хроничен замор. Зошто се појавува овој проблем? Многумина сметаат дека причината е недостатокот на сон и претераната работа, но во позадината на оваа состојба се кријат некои далеку посериозни проблеми.
Хроничниот замор може да настане како резултат на промени во секојдневната рутина, недостаток на редовна физичка активност и постојан стрес и напнатост, како и поради синдром на адренална инсуфициенција, односно Адисонова болест, истакнуваат експертите.
Според лекарите, примарна инсуфициенција на надбубрежната жлезда се јавува поради негативно надворешно влијание врз оваа жлезда, како и поради разни бубрежни заболувања, вклучително и некој вид малигнитет. Продолжениот стрес може да биде и причина за секундарна инсуфициенција на Адисоновата болест, предупредуваат тие.
Поради хроничен стрес, надбубрежните жлезди престануваат да произведуваат адреналин, кој е неопходен за телото адекватно да одговори на секоја опасност. Резултатот од недостатокот на овој хормон е постојано чувство на апатија и хроничен замор.
Симптоми на адренална инсуфициенција, т.е. Адисонова болест:
- болки во стомакот;
- неправилни менструации;
- потребата за солена храна;
- дијареа;
- вртоглавица при станување од седечка или лежечка
- губење на апетит;
- низок крвен притисок;
- мускулна слабост;
- несвестица;
- чувствителност на студ;
- ненадејно губење на тежината;
- повраќање;
- хроничен замор.