Времето денеска ќе биде слично на времето од вчера и на она што претстои во наредните неколку дена.
Претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали со што се очекува наместа сончеви периоди.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен и западен правец.
Минималната дневна во Скопје ќе биде 10 степени, а максималната дневна ќе се движи до 20 степени, со што ќе се забележи благ пад на температурите во споредба со вчерашниот ден.
Извор: УХМР