Ќе речете дека вакви справи можеле да бидат производ само на „Мрачниот, среден век“.
Но, ова справа била патентирана дури во втората половина на XX век, поточно во 1965 година и се преставувала како иновативна справа која служела за пораѓање на жените.
Справа за измачување или справа за унапредување на човечката благосостојба што вреди да се награди со „Нобелова награда“?
Справата е изум на Блонскис, а е репатентирана во 1995 од страна на „Канцеларија за патентирање на иновативни производи“. Во 1999, Џорџ и Шарлот кои беа првични носители на идејата за таква справа, постхумно беа наградени со ни помалку ни повеќе туку „Нобелова награда“.
Справата била направена од мотор за продуцирање на центрифугална сила, рамна платформа и мрежа.
Моторот служел да ја врти жената која се пораѓа во центрифуга, рамната платформа е обележана како место на кое лежи жената која се пораѓа, а мрежата е направена за да го „пречека“ новороденчето.
Било замислено центрифугата да ја врти жената се додека не и се зајакнеле контакциите и не го родела детето. Се верувало дека вртењето ќе го забрза процесот на рааѓње.
Сметате ли дека ова справа е хуман начин да се пораѓа жена која и така е во огромни породични болки и дали би прифатиле овој „изум“ кој добил Нобелова награда да се применува масовно во акушерството?
Извор: improbable.com