дома животен стил Ако сакате да дознаете нешто повеќе за еден човек, прашајте го дали...

Ако сакате да дознаете нешто повеќе за еден човек, прашајте го дали одгледува милениче:

1089
0

Некои луѓе се посветени на своите миленичиња, други, пак не го сакаат присуството на животните во своите домови.

За некои луѓе одгледувањето на миленичиња нема никаква смисла, само што тоа создава поголема одговорност и трошење на сопствено време за нешто од кое немате реален и физички евидентен добиток.

Но постојат клучни разлики помеѓу луѓето кои одгледуваат миленичиња и оние кои „не ги сакаат“:

Луѓето кои имаат миленичиња се одговорни

Не е мала одговорноста да размислувате постојано дали вашето милениче има пристап до храна, вода и дали му се намирени сите потреби. Да се има милениче е доказ дека човекот е одговорен кон оние кои зависат од него и се согласил да ги одгледува.

Имаат поголема емпатија

Луѓето кои имаат миленичиња имаат повеќе емпатија и социјална интелигенција. Тие може да ги прочитаат пораките кои им ги праќаат нивните миленици и да одговорат на истите. Со тоа им се зголемува социјалната интелигенција, но и емпатијата.

Идеалисти

Домашните миленичиња не ги одгледувате за да ви дадат месо, млеко, јајца или крзно. Едноставно ги одгледувате поради тоа што ви задоволуваат некои когнитивни, емоционални или социјални потреби.

Луѓето кои имаат миленичиња светот не го гледаат само низ призма на материјални и конкретни работи, туку се идеалисти и го читаат постоењето „меѓу редови“.

Интровертни

Луѓето кои сакаат миленичиња и во нив наоѓаат подобро друштво отколку во луѓе се интровертни по својот темперамент.