На социјалата мрежа „Фејсбук“ министерот за здравство Венко Филипче повторно потсети на значењето за носење на заштитна маска во време на епидемија.

Доколку сите носат заштитни маски при излегување од дома, значително ќе се редуцира ризикот за пренос на инфекцијата.

Во денешната објава тој го спореди носењето на заштитна маска со носење на чадор – Како што е нужно да се носи чадор кога излегувате од дома додека врне, така е нужно да се носи и маска кога излегувате од дома во време на епидемија, – порача со други зборови Венко Филипче.