Колку и да се трудат да го убедат спротивниот пол дека сакаат некој кој ќе им донесе појадок во кревет и ќе ги третира како принцези, убавите момци секогаш го добиваат „дебелиот крај“. Еве зошто …

Добриот не остава впечаток на заштитник, повеќе личат на некој што не може да се одбрани себе, а камоли другите. Затоа жените ги заобиколуваат, барем потсвесно, надевајќи се на некој кој ќе ги штити во секое време.

Добрите момци работат премногу напорно околу жената што ја сакаат

Ја ставија на пиедестал и ја третираат како божица. Во покажувањето на емоциите, тие ги преминуваат сите граници, се поврзуваат прерано и ги ставаат потребите на партнерот пред нивните.

Ваквите мажи не очекуваат девојката да изгледа совршено во секое време, бидејќи тие самите не се такви. Со доброто момче можете да се опуштите до тој степен што ќе исчезнат сета хемија и возбуда во врската. Жените сакаат некој постојано да ги предизвикува, да ги тера да размислуваат, што ја прави секоја врска поинтересна.