Многу луѓе ја држат вратата отворена, а причините се многубројни, од подобро слушање на децата од друга просторија, до рамномерно распределување на температурата.

Речиси 60 проценти од луѓето мислат дека така е полесно и не размислуваат премногу за тоа. Сепак, отворена врата или затворена врата од спалната соба може да одлучува за животот и смртта.

FSRI, Институтот за безбедносни истражувања, спроведе голема студија во Америка, а резултатите покажаа дека повеќето луѓе веруваат дека е побезбедно да се спие со отворена врата.

Меѓутоа, вистината е сосема поинаква! Имено, кога вратата е затворена, ширењето на пламенот се забавува во случај на пожар, се намалува токсичниот чад, се подобрува нивото на кислород во просторијата и се намалува температурата.

  • Ве спасува од пожар

Во голема кампања во Америка, безбедносните организации во соработка со пожарникарите спроведоа голема кампања и предупредија дека затворените врати можат да играат одлучувачка улога во спасувањето човечки животи.

Тие советуваат и вратата од детската соба да биде затворена.

Она што повеќето родители сакаат да го избегнат е всушност многу важно, нагласува ФСРИ.