Православните верници денеска го слави празникот посветен на Светиот првомаченик и протоѓакон Стефан.

Свети Стефан бил Евреин и братучед на апостол Павле. Тој е првиот од седумте ѓакони кои биле ракоположени и поставени од светите апостоли да им помагаат на сиромашните во Ерусалим. Затоа бил наречен протоѓакон.

Со својата вера извршил многу чуда меѓу луѓето, а на своите еврејски противници им се спротивставувал со мудроста и силата на Светиот Дух. Тој беше обвинет дека хули на Бога и на Мојсеј, и беше осуден со помош на лажни сведоци.

Свети Стефан е првиот христијанин кој пострадал за Господа и затоа е наречен Првомаченик.

Светецот, просветлен од својата вера, се обратил до народот и зборувал за многуте добри дела што Бог му ги направи на народот Израел и ги нарече предавници и џелати на Христос.

Набргу потоа го извадиле од градот и го каменувале. Меѓу мачители бил и неговиот братучед Савле, подоцна апостол Павле.

Пресвета Богородица и свети Јован Богослов од некое далечно место го гледале мачеништвото на Стефан и усрдно Му се молеле на Бога за овој маченик на вистината и верата.