Според народното верување, од 2 јануари денот почнува да се зголемува. Помеѓу народот постои верување дека она што ќе правите или што ќе ви се случува денес, ќе го правите и ќе ви се случува во текот на целата година.

Значи каков ќе ви биде денот на 2 јануари, таква ќе ви биде и годината.

Според преданијата, се верува дека оној што ќе влезе прв во куќата носи среќа или несреќа. Ако тоа е млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезе некој старец или баба се верувало дека годината нема да појде на добро.

Вие денес обидете се да направите некое добро дело. Бидете внимателни и не правете го она што не сакате да ви се случува во текот на оваа година.

Заборавете на нервозите и проблемите, отворете ги вратите на домот, опуштете се, насмејте се, напијте се. Пред спиење пожелно е да прочитате некоја добра книга, за да умно ви тргне годината.

Не ги заборавајте и ближните и саканите. Кажете им колку многу ги почитувате, ги сакате, колку ви се потребни… исполнете го денот со мир и љубов и имајте прекрасна година за паметење.