Првиот случај на флурона, односно истовремена зараза со коронавирус и со грип, е забележан во Израел.

Локалните медиуми известуваат дека пациентката е млада трудница со благи симптоми, која моментално е примена во болницата Беилинсон во градот Петач Тиква, јави „Индепендент“.

Ѝ беа дијагностицирани грип и коронавирус веднаш штом пристигна – изјавил проф. Арнон Вижницер, директор на Одделот за гинекологија во болницата. Двата теста се вратија позитивни, дури и откако повторно ги проверивме, за локалниот весник „Хамодија“.

Израелското министерство за здравство соопшти дека го проучуваат случајот за да утврдат дали комбинацијата од двете инфекции може да предизвика посериозно заболување.

Вижницер додава дека трудницата не била вакцинирана против коронавирус или грип, но немала особено силни симптоми.

Таа се чувствува добро и се очекува да биде пуштена од болница во четврток, јави „Њузвик“.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Омикрон сојот се манифестира со специфични симптоми, а еве по кои 5 симптоми ќе го препознаете:
Следната статијаЗошто се вели дека она што ќе го правите денеска ќе ве следи целата година?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде