Многу сопственици на мачки се секако добро запознаени со глупавата навика на нивните миленици да ги следат до тоалетот. Постојат неколку можни објаснувања зад ова необично однесување на мачките.

Мачките се љубопитни и разиграни суштества и знаеме дека нашите мачки сакаат да бидат со нас, но дали навистина треба да не придружуваат до тоалетот?

Што е уште поинтересно, мачките не сакаат кога луѓето ги гледаат додека мокреат, но затоа обожаваат да им прават друштво на луѓето додека се во тоалет, пишува Zadovoljna.hr.

Објаснувањето за ова глупаво однесување на мачките може да лежи во фактот дека мачките се всушност инстинктивни.

Мачките се предатори со ловечки инстинкт. Но, поради нивната големина, тие исто така знаат дека можат да бидат плен. Бидејќи мачката го доживува својот сопственик како свој старател или замена за родител, таа може да се чувствува ранливо кога сопственикот е отсутен.

Мачките се исто така „микро менаџери“. Позната изрека љубопитност ja убила мачката, а кога нејзиниот сопственик влегува во собата и ја затвора вратата зад него, мачката тоа го гледа како знак дека зад таа врата правиш нешто мистериозно.

Вашата мачка го доживува вашиот дом како своја територија, така што бањата е дозволена зона за неа. Уште повеќе, таа може да се налути ако ја затворите вратата бидејќи сепак тоа е нејзина територија! А, како што веќе спомнавме, многу ја интересира што правиш внатре, а има само еден начин да дознае – да дојде по вас.

Животните треба да ја проценат вредноста на нешто за да одлучат кој е нивниот приоритет. Она што тие го сакаат веднаш и што ги мотивира да преземат акција е од голема вредност. Експертите за бихејвиоризам на животните ги користат овие карактеристики за да ги мотивираат животните кога ги тренираат, користејќи систем за наградување.

Кога има конкуренција за нешто, неговата вредност се зголемува, а тоа го правите секогаш кога ќе ја затворите вратата од бањата или тоалетот. Вредноста на просторот ја проценувате така што ќе го земете за себе и ќе забраните пристап на мачката.

Ранливоста, љубопитноста и вреднувањето се можни објаснувања, но многу сопственици на мачки всушност веруваат дека причината е нешто друго. Мачките секогаш се контра, тоа е во нивната природа.

Во нивната ДНК е дека тие го сакаат она што не можат да го имаат. Оставете ја мачката да влезе и таа ќе сака да излезе. Наполнете и го садот со храна и брзо ќе и здодее, но нека биде полупразен, веднаш ќе се спротивстави.

Мачките се токму такви, а ние ги сакаме поради нивната глупава и забавна природа.