Многу филмови се изработени по сценарио од книги. Прво се напишани книгите, а потоа се изработени сценарија за филм.
Некои луѓе сметаат дека е доволно да ги погледнете филмовите, наместо да ги читате книгите и веќе ја знаете суштината.
И тоа точно, вие го знаете следот на настаните и што точно ќе се случи, но нема да знаете како да го пренесете и прераскажете на други, за тоа ви требаат вербални капацитети кои не можете да ги стекнете гледајќи филм.
Неколку предности на книгата:
- Концепт
Книгата ги развива вашите способности да го разберете концептот. Таа буквално ви дава увид во техника на формирање на ликот или во техниката на раскажувањето, што е недостаток на филмот.
Постои една интересна шега на тема книга: А тоа е дека Ана Каренина всушност и не би бил толку опсежен роман, доколку не се опишани дејствата на косење на тревата од Лењин.
Книгата ве упатува на концептите и на нивното препознавање, што бара поголемо посветување, учење, интелектуален напор и внимание.
- Вокабулар
Дијалозите во филмот ги слушаме или читаме бидејќи се важни да ја разбереме целата приказна и обично не се задржуваме многу на нив бидејќи филмот има своја динамика која ја наметнува на гледачот.
Во книгата е сосема поразнилно, можете да се фокусирате буквално на секој збор и да го откриете неговото значење од контекстот.
Книгата се обработува поспоро бидејќи вие сте тие кои сами го откривате значењето и смислата, а не ви е дадена на одреден начин како во филмот.