Гнев (лутина или бес) е емоционална реакција, која може да биде предизвикана од објективни настани, но исто така ирационална, неразумна предизвикана од автосугестија.

Тоа е релативно стабилна и трајна одлика што го насочува однесувањето во разни социјални ситуации и се манифестира во искуството на лутина или бес, во насилно однесување, негативизам кон властите, намера да повредите некого физички или психички.

Постои разлика помеѓу гневот што се појавил во одредена пригода или агресијата како стил на однесување.

angry face illustration

Книга „За гневот“, на римскиот стоички филозоф – Сенека, ни предочува дека гневот е најштетен за оној кој се гневи.

 

Суштински гневниот човек не може да направи повреда на друго лице, без при тоа неговата акција да му се врати како бумеранг во пренагласена реакција.

Во македонскиот фолклорен дискурс присутна е поговорката „Кој на друг јама му копа, сам во неа паѓа“.

Гневот е автодеструктивно чувство, од кое најмногу страда оној што се гневи, а не објектот кон кој е насочен гневот.

Ако не се ослободите од гневот тој ќе ве однесе во погрешни одлуки и постапки кои целосно ќе го изменат вашиот живот и ќе ја одземат вашата контрола над својот живот.

Затоа, работете на тоа да го отстраните гневот, поради себе!

ИЗВОРВикипедиа / Мој збор
претходниот член,Како да го организирате вашиот одмор за да рекреирате целосно
Следната статијаПромоција на книгата „Се што знам за животот“ на Тихомир Јанчовски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде