Оние кои стануваат рано со сигурност ќе потврдат дека тоа е вистина. Станувањето рано наутро навистина може да ви го промени животот, а ова се некои од причините зошто.
  • Имате време да се разбудите
Истражувањата покажуваат дека добро познатото „утринска забавеност“ трае меѓу два и четири часа.

Ако се разбудите во 8:30 за да бидете на работа во 9 часот, многу е можно да не бидете подготвени веднаш да почнете да ги извршувате обврските.

Со будењето порано, му давате шанса на вашето тело да се разбуди природно. Иако на почетокот ќе ви биде потешко да станете порано, подоцна кога тоа ќе стане дел од вашата рутина, ќе бидете благодарни и ќе забележите дека имате повеќе енергија.

  • Помал ризик од депресија

Оваа ставка се однесува на жените. Студијата објавена во Journal of Psychiatric Research покажа дека жените кои се будат порано имаат помал ризик од развој на ментални болести како депресија, анксиозност, нарушувања на расположението и други.

Ова има смисла особено ако го погледнеме фактот дека сонот го регенерира нашето здравје.

  • Пооптимистични сте

Според една студија од 2014 година, ранобудниците се помалку склони кон негативни и тешки мисли од оние кои остануваат будни до доцна.

Многумина од нас се соочуваат со стресни мисли пред спиење, поради што обично не можеме долго да спиеме.

Иако нема копче за такво нешто што едноставно би ги исклучиле мислите, важно е да се работи на размислување за убави нешта.

  • Ранобудниците се поуспешни

Кога станува збор за деловниот успех, утринскиот тип на луѓе имаат сериозна предност, тврди биологот Кристоф Рендлер.

Рандлер објасни дека неговото претходно истражување, кое опфатило 367 студенти, покажало дека оние што станувале порано добивале подобри оцени, што на крајот ги довело до одлични деловни можности.

Утринскиот тип на луѓе се посклони да се справуваат со проблемите. Тие се поактивни, што им овозможува да бидат поуспешни во нивните кариери, додаде тој.

  • Ќе го подобрите квалитетот на сонот
Бројни студии покажаа дека оние кои стануваат рано имаат многу подобар квалитет на сон.

„Ноќните птици“ имаат тенденција да развијат нарушувања на спиењето, па затоа спијат помалку од луѓето кои го започнуваат денот порано.

Постојано слушаме колку е важно да му обезбедиме на телото осум часа сон и како тајната на здравјето и убавината лежи во тоа. Но, нема да можете да го направите тоа ако продолжите да стискате snooze на алармот наутро.

Оние кои ќе станат порано навечер полесно ќе заспијат и ќе се одморат.