Голем е бројот на случаи во кои млади бремени жени умираат на предвременото породување или не успеваат дури ниту да се породат и завршуваат со својот живот со неродено мртво дете во стомакот.

Лекарите препорачуваат бремените жени особено да се придржуваат до мерките и да внимаваат да не се инфицираат со коронавирус.

Коронавирусот кој го напаѓа респираторниот систем, но и сите други органи, може да доведе до фатални последици во бременоста бидејќи бремените жени имаат послаб имунитет.

Телото на жената во бременоста е подредено на потребите да се задржи плодот и тој да се храни, унапредува и развива.

Капацитетите за одбрана се снижени и секој напад од поопасен вирус може да биде фатален.

Додека се повеќе се слуша дека треба да се вакцинираат и бремени жени, сè уште нема официјален став.

Податоците собрани од 40 пациенти кои не знаеле дека се бремени кога биле вакцинирани покажуваат дека биле доста успешни во бременоста и дека немало никакви последици – вели д-р Стефановиќ.

Врз основа на тоа, Светската асоцијација на гинеколози и акушери зазеде став дека лекарите треба да предложат вакцинација на бремени жени. И ние во Клиниката Вишеградска заземаме таков став, но бремените жени треба да одлучат.