Намерите на луѓето не се невидливи, тие лесно може да се откријат во ситници или детали од нивните постапки.

Зависи од вашата вештина и образование, дали ќе успеете да направите точна проценка на нечии намери кон вас.

Особено е важно да ја откриете причината зошто некој се однесува на непријатен начин кон вас, често ве критикува, советува, или се споредува со вас.

Знаци по кој ќе препознаете дека некој ви завидува:

  • Се споредува со вас

Ако слушнете реченица која почнува со „Јас да бев како тебе“ или „Додека бев како тебе“ знајте дека личноста која се споредува со вас ви завидува токму на тој критериум по кој се споредува.

Никогаш не се споредувате со послабите, туку со посилните од себе, зарем не?

  • Ве критикува 

Веднаш знаеме која критика е добронамерна, а која има за цел да не омаловажи или да ни ја урне довербата.

Затоа не им верувајте многу на луѓе кои имаат постојана потреба да ве критикуваат. Тие едноставно не можат да го поднесат фактот што вие го имате тоа за кое сметаат дека нив им е неправедно одземено.

  • Совети што не ги барате 

Само што ќе се сретнете со некој, веднаш си дава за слобода да ве советува.

Не се чувствувајте непријатно, тоа е негова слабост, а не ваша. Немој да мислите дека другите не забележуваат што некој прави и колку тој останува поразен кога не успева да ве испровоцира или наведе на недолично однесување.