Долго време, лебот се сметаше за главен виновник за зголемување на телесната тежина.
Иако ова не е целосно точно, може да се претера со оваа храна.
Лебот не е проблематичен само поради калориите, туку и поради преработените јаглехидрати кои предизвикуваат благи воспаленија во телото.
Тие можат да бидат причина за многу здравствени проблеми, кои вклучуваат замор и конфузија, како и деконцентрација, пишува Eat This Not That.
Студијата, спроведена врз 1.230 луѓе на возраст од 70 до 89 години, покажа дека оние кои јаделе најмногу храна богата со јаглени хидрати, имале најголем ризик да развијат когнитивни проблеми.
Знаци дека јадеме премногу леб:
Чувство на глад
Ако посегнете по леб кога сте гладни, тоа може да ги влоши работите.
–Повеќето видови леб се рафинирани и имаат малку хранливи материи. Ова значи дека вашето тело не регистрира дека сте јаделе нешто и не се чувствувате сити по конзумирање леб. Само го зголемува нивото на шеќер во крвта, што ве прави уште погладни, вели нутриционистот Шана Хусин.
Болки во стомакот
Иако многу луѓе мислат дека лебот со влакна е добар, не секој е таков.
–Влакна како инулин и бетаглукан се додаваат во некои видови леб, кои се поврзани со болки во стомакот, надуеност и гасови кога консумирате премногу, вели нутриционистката Рејчел Фајн.
Висок шеќер
Ако нивото на шеќер во крвта се искачи на не најздравото ниво, лебот може да биде одговорен за тоа.
–Конзумирањето премногу леб, особено преработениот леб, може да доведе до воспалителни процеси во телото, што може да предизвика отпорност на инсулин, состојба која обично му претходи на дијабетесот, вели нутриционистката Хедер Хенкс.