Утрински секс? Да или не? Постојат луѓе кои преферираат секс наутро, додека други го оставаат сексот за крајот на денот, или барем за период од денот кога ќе ги „тргнат од глава“ дневните обврски.

За оние кои сепак се одлучуваат за утрински секс или ненадејно ќе се впуштат во него одреден период од животот ви предлагаме рецепт за after morning секс смути кое ќе ви ја надокнади изгубената енергија.

Потребни состојки:

  • 2 порокали
  • 1 лимон
  • 4-5 малини (смрзнати или свежи)
  • 3-4 ливчиња свеж беби спанаќ
  • 1/2 морков
  • 1/2 краставица

Начин на подготовка:

Исцедете ги портокалите и лимонот. Цедениот сок додадете го во сад за блендер. Потем додадете ги малините и спанаќот.

Морковот и краставицата исецкајте ги на ситни парченца и додадете ги во преостанатата смеса.

Додадете вода по вкус. Ако сакате погуст пијалок додадете помалку вода, ако сакате потечен пијалок додадете повеќе вода.

Начин на конзумирање:

Испијте го пијалокот најмногу 30 минути по неговата подготовка. А најмалку еден час по конзумирање на смутито не внесувајте друга храна.

Смути пијалокот може да го пиете со мраз доколку сакате да се освежите дополнително или да додадете лажица мед доколку сте навикнати на послатки пијалоци.

Доколку конзумирате чија или ленено семе, можете да го додадете и во овој пијалок бидејќи прави добра синтеза со останатите состојки. Плус го обновува либидото, што значи дека нема да се соочите со умор од намалена еротска енергија.