Четири случаи на семејно насилство синоќа биле пријавени во полицијата. Во два одделни настани деца ги нападнале мајка си и татка си, додека во останатите момче ја нападнал својата девојка, а маж сопругата.

Како што информираат од полицијата, вчера на пладне во Велес, приведен е Н.П.(22) од градот затоа што се однесувал агресивно во семејниот дом и се обидел со остар предмет да ја нападне неговата 45-годишна мајка.

Во Кичево околу 21 часот приведен е Б.А.(34) од кичевското село Јагол кој, претходно, физички и со тврд предмет го нападнал неговиот татко.

Истовремено, во Струмица бил извршен службен разговор со В.Т.(34), затоа што претходно физички нападнал 37-годишна струмичанка со која бил во врска.

Последната пријава е по 3 часот во Скопје, пришто приведен е 69-годишник кој физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.

Вчера полицијата информираше за пет други случаи на семејно насилство.