Вчера вечерта во 22.17 часот граѓаните на Македија почувствуваа земјотрес.

Епицентарот е во реонот на Маврово, а јачината на земјотресот беше 4,6 степени по рихтеровата скала.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет епицентарот на земјотресот е 65 км југозападно од Скопје.

Засега не е пријавена материјална штета како последица од земјотресот.

Најсилно земјотресот го почувствувале граѓаните на околните места во Маврово – Гостивар и Кичево, но и граѓаните на Скопје известуваат дека се забележат земјотресот и во главниот град.