Од денеска на располагање имаме 5 болнички возила од Армијата кои ќе ги користиме за транспорт на пациенти. Се заблагодарувам на министерката Шекеринска и началникот на генералштабот за мобилизацијата на Армијата да помогне во справувањето со ковид-19 кризата. Оваа помош ќе го зголеми бројот на тимови кои ќе бидат на располагање за брз транспорт на пациенти, а во возилата ќе се користат и транспортните респиратори кои ги добивме како помош од НАТО, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.