Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева изјави дека врските помеѓу Скопје и Белград се уште не се раскинати што е причина за оспорување на патот на евроинтеграциите на Македонија од страна на Бугарија.

Според Захариева фактот што српскиот јазик е вратен во образобаната програма во Македонија говори за нераскинлива врска со Србија и Русија.

Врската на Македонија со Србија и Русија, според Захариева е голема пречка за членство на Македонија во ЕУ.

За потсетување бугарската влада најави отворање на бугарски училишта и воведување на бугарски јазик како дел од предметната програма на основно одделение.