Загадувањето на воздухот со штетни фреквенции е поврзано со поголема стапка на смртност од вирусот Ковид, покажува новото истражување, пишува Аксиос.

Во студијата објавена денес во списанието Science Advances, истражувачите од Харвард откриле врска помеѓу повисоките нивоа на загадување на воздухот со штетни честички и повисоките стапки на смртност од корона.

Истражувањето е спроведено во повеќе од 3.000 окрузи во САД и покажува дека во окрузите каде што воздухот бил позагаден, стапката на смртност од короната била зголемена за скоро 11 проценти.

Сепак, истражувачите предупредуваат дека е тешко со сигурност да се каже дека загадувањето на воздухот е поврзано со поголема стапка на смртност од корона вирусот, бидејќи податоците за големи, репрезентативни популации на индивидуално ниво сè уште не постојат.

Покрај тоа, новиот извештај на Обединетите нации за влијанието на пандемијата врз најголемите светски градови, исто така, наоѓа корелација помеѓу загадувањето на воздухот и повисоките стапки на смртност од вирусот.

Постојат докази дека слабиот квалитет на воздухот е во корелација со повисоки стапки на смртност од КОВИД-19, се вели во извештајот.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш смета дека е потребно да се следат принципите на еколошко, еластично и инклузивно економско закрепнување, напиша руската новинска агенција Тасс.