Премиерот на Македонија, Зоран Заев вчера се огласи на својот фејсбук профил и му порача на Каракачанов дека е Македонец кој зборува Македонски јазик а не Бугарин како што тврди неговиот бугарски колега:
–Јас сум Македонец 🇲🇰 кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас.
Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза! – напиша Заев на неговиот фејсбук профил