Граѓаните во Грција кои вакцинацијата ја завршиле пред седум месеци и не примиле бустер доза од денеска се сметаат за невакцинирани, престанува да им важи сертификатот за вакцинација и ги губат сите привилегии, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно министерската одлука објавена во Службен весник на Грција, од денеска, полнолетните лица кои се вакцинирани и поминале седум месеци од втората доза или три месеци доколку се работи за вакцина со една доза, се сметаат за целосно вакцинирани само доколку ја примиле и бустер дозата.

Според грчките медиуми, околу 300.000 граѓани спаѓаат во конкретната категорија и од денеска веќе се сметаат за невакцинирани.

Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест се задолжителни речиси за секаде во Грција, со исклучок на супермаркетите, аптеките, продавниците за храна,бензинските пумпи, а во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, но и ноќните клубови, не постои опцијата за влез со негативен тест.

При влез во сите објекти, сертификатите се скенираат со специјална апликација, а потребен е и документ за личен идентификација.

Правилата, како што е пракса во Грција од почетокот на пандемијата, освен за Грците, важат и за туристите а како ќе се толкува оваа одлука оставува да видиме.