Сите знаеме дека за патување во странство потребен е ковид пас. Услов за добивање на ковид пас е примени две дози на вакцина и тоа не помалку од 14 дена од денот на користење на пасот.

Фајзер засега е единствена признаена вакцина во западните општества, што значи дека доколку сте вакцинирани со Фајзер извесно е дека може да патувате во која било западна земја.

Од друга страна, за излез од Македонија моментално е потребен само вакцинален сертификат кој потврдува дека сте примиле две дози од вакцина против ковид од било кој произведувач.

Во државите каде може да патувате без пасош – Косово, Албанија и Србија не ви е потребен ковид пас кој се обезбедува на број на пасош, туку само вакцинален сертификат.

Во држави во кои е задолжително да се патува со пасош (сите останати) потребен ви е ковид пас.