Руската салата е една од омилените зимски салати на голем број луѓе. Руската салата особено се подготвува околу зимските празници како што се Божиќ и Нова Година.
Додека руската салата е задолжителна во составот на зимските празници, за Велигден се подготвува поинаква салата, која е полесна и прилагодена храна за овој дел од годината кога температурите се повисоки.
Имено станува збор за француска салата која брзо се подготвува и е посвежа салата поради тоа што главната состојка во француската салата е токму свежата краставица.
Во продолжение рецепт за совршено подготвена француска салата:
- 2-3 краставици
- 500 гр. павлака
- 300 гр. шунка – пилешки гради
- 150 гр. мелени ореви
- сол, бибер по вкус
- маслиново масло
Начин на подготовка:
Исецкајте ги краставиците што е можно поситно. Истата постапка повторете ја и со пилешката шунка.
Ставете ги во крпа, за да ја упие вишокот вода.
По 10тина минути додадете ги краставичката и шунката во сад, истурете ги мелените ореви, додадете сол и бибер по вкус и една лажица маслиново масло.
На крај додадете ја павлаката и убаво измешајте ја смесата.
Француската салата може да се послужува најмалку 2-3 часа по стоење во фрижидер.
Пријатно!