Облачно со врнежи претежно од снег, вдолж Повардарието од дожд и снег, а на југоистокот претежно од дожд. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови.

На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см снег, а на северозапад и над 15 см нов снег.

Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.