Променливо облачно со сончеви периоди.

Претежно во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови краткотрајно засилен североисточен ветер.

УВ индексот ќе изнесува 6 мерни едници.

Најниската дневна температура во Скопје ќе изнесува 15 степени, а максималната дневна 25 степени.