Во утринските и претпладневните часови променливо облачно со повремен локален дожд.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец.

Минимална дневна температура во Скопје ќе изнесува 12 степени, а максимална дневна ќе достигне високи 24 степени.