Променливо облачно и посвежо, во северозападните делови со повремен слаб дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Најниската дневна температура во Скопје ќе изнесува 13 степени, а максималната дневна температура ќе достигне 24 степени.