Нова Година во минатото се сметаше за „најлудата ноќ“ во годината, токму бидејќи на овој ден се случуваа најлудите журки и празнувањата до зори.

Но од стапување на пандемијата на светската сцена, Нова Година не е празник кој има поинакво значење од другите денови.

Рестораните се помалку организираат забави, луѓето се придржуваат до протоколите за здравствена заштита, се стеснува кругот на луѓе со кои таа вечер се среќаваме. Од Нова Година немаме големи очекување во екот на пандемијата, напротив имаме поголем страв. Од таа причина многумина одлучуваат да ја дочекаат новата година во домашна атмосфера, со најблизок круг на семејство или пријатели.

Но тоа не значи дека Новата Година треба да се вообичаен досаден ден. Ви пренесуваме неколку совети да си го направите овој ден – забавен и за паметење:

  • Внимателно изберете го друштвото

Не мора да сте во големо друштво за да си поминете убаво и да се опуштите. Понекогаш магијата е во малите кругови, но добро одбрани.

Без гласна музика, со добра храна и омилени пијалоци, кажувајте си вицеви или смешни случки од вашиот живот. На тој начин ќе се смеете и забавувате повеќе, а ќе успеете и да изградите поздрави врски и пријателства.

  • Облечете го новогодишниот џемпер 

Новогодишен џемпер или новогодишни чорапи нека бида заштитен знак на сите оваа вечер. Тие постојано ќе ве потсетуваат дека денеска сепак не е обичен ден за дружба, туку убав празник.

  • Приредете изненадување 

Викнете Дедо Мраз да им донесе подарок на сите, направете ја омилената трота за гостите, или едноставно купете им подарок на сите и поделете им го точно на полноќ.

Изненадувањата придонесуваат за подобро расположение.

  • Можете да ја пуштите музиката што ја сакате 

Звучник и платформа за емитување на музика се доволни да уживате. Вие регулирате колку гласно ќе слушате и која музика.

Така ќе уживате повеќе одошто некој друг да ви го одредува расположението и музичкиот репортоар.