Вработените во правосудството во четврток и петок ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот.

Велат дека 95 проценти од институциите исплатиле плата под минималецот од 18.000 денари, а другите 5 проценти или не исплатиле или исплатиле плата со грешки.

Од Синдикатот на УПОЗ во кој членуваат работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, бараат исплата на минимална плата за сите и усогласување со минималецот за останатите вработени – односно повисоки плати за 2.806 денари.

Ќе има прекин на работата. Известени се и Владата и министерства, сите работодавачи. Ги замолувам граѓаните на трпение, не е многу, два часа се, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешната прес-конференција предупредувајќи дека тие два часа можат да пораснат и да бидат осум часа прекин, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејаноски на денешната прес-конференција.