Синдикалната организација на СУТКОЗ при „Водовод и канализација“ донесе одлука за користење на правото на штрајк. Од Сојузот на синдикати на Македонија, информираат дека одлуката е донесена едногласно на вчерашната седница, а се очекува да биде потврдена во среда на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ.

Потоа ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика за веднаш да определи помирувач. Ќе биде известен и в.д. директорот и Управниот одбор на „Водовод и канализација“, како и градоначалничката Данела Арсовска и советничките групи во град Скопје, информираа од Синдикатот.

На вчерашната седница, синдикалците известија за големите притисоци кои се вршат врз вработените и членовите на органите на синдикалната организација кои раководството на чело со в.д директорот Митовски ги прави, а како последна информација за која се загрижени вработените е дека в.д директорот Митовски подготвува нови дисциплински постапки против повеќе од 40 работници членови на синдикатот во кој дел се и претседателот на синдикатот во ЈП Водовод и канализација, Кашиковски – се наведува во денешното соопштение од Синдикатот.