Лекарите од повеќе институции пријавиле дел од здравствените подобрувања кои се случуваат доколку не пиете алкохол еден месец.
Без оглед на тоа дали пиете често или само повремено, ќе се изненадите кога ќе дознаете колку може да се подобри здравјето ако се воздржите од алкохол еден месец.
– Има многу здравствени подобрувања кои се јавуваат како резултат на апстиненција од 30 дена од алкохол. Додека некои се специфични за поединци, многу се универзални, како што е спиењето, кое значително се подобрува, потоа меморијата, имунитетот кој е посилен, а во исто време се намалува и ризикот од рак – изјави Ешли Лоб Блесингејм, ко-основач и директор. на човечки ресурси во центарот „Lionrock Recovery“, пренесува Expres.net.
Некои луѓе имаат и придобивки поврзани со кардиоваскуларниот систем и губење на тежината.
– Сè на сè, по четири недели, имунитетот, меморијата, расположението се видливо подобри, но и кожата е почиста, а импулсивноста и промените во однесувањето се исто така дел од придобивките од откажувањето од алкохолот на краток временски период – изјави др. Лоренс Вајнштајн, главен медицински службеник во Американскиот центар за зависности.
– Има и невролошки придобивки од апстиненцијата од алкохол. Некои од нив може да се забележат во рок од една недела по запирање, но многу повидливи се по еден месец – рекол Вајнстин, пренесува „Healthline“.