Врањанец кој на 02.01.2022 година се уште прослвувал Нова година со своите пријатели, на враќање кон дома, на полициски алкотест достигнал рекорден резултат од 4,87 промили. 

Она што е неверојатно е што кога полицијата го запрела тој бил целосно комуникабилен, свесен, ориентиран и им раскажал на полициските службеници дека се враќа од прослава на Нова година.

Врањанецот кој седнал да пие со своите другари за Нова година, кон својот дом се упатил дури на 02.01.2022 година што било неверојатно за полициските службеници.

Овој лик освен што е рекордер во содржина на алкохол во крвта, тој е рекордер и во седење на кафанско столче и обавување на кафанските активности без минутка пауза!

Извадок од полициски записник

 

*Оваа објава служи да ги насмее читателите, но секако не е пример што треба да се следи. 

Редакцијата „Мој збор“ апелира да не возите во алкохолизирана состојба и да бидете одговорни во сообраќајот!