Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил филм фест“ објави отворен повик за филмови за учество на 12-тото издание, кое е предвидено да се одржи од 25 ноември до 1 декември годинава.

Право на пријавување имаат сите заинтересирани лица кои снимиле филм со мобилен телефон што не е подолг од 10 минути, а исто така критерум е филмовите да не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил фестивал”.

Во конкуренција ќе влезат сите филмови што ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување – 15 ноември 2021 година. Филмовите може да се пријават на електронската адреса: mobifestkonkurs@gmail.com или преку профилот на фестивалот: FilmFreeway.

Селектираните филмови на фестивалот ќе влезат во конкуренција за добивање на овогодинешните награди: Награда за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале”; Награда за најинвентивен филм; Награда за најоригинална приказна; Награда за најдобра идеја и Награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти”.

Организаторот информира дека најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на меѓународните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил фестивал”.