Во Србија, поточно во институтот „Торлак“, пристигнаа уште 11.700 дози од вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, пренесуваат белградските медиуми.

Во следните две недели се очекува неделно да пристигнат меѓу 10.000 и 20.000 дози од оваа вакцина – објавија медиумите.

Неофицијално, до 15 февруари во Србија се очекуваат уште 41.000 дози од вакцината на „Фајзер“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде