Во петок со почеток во 17.00 часот ќе се емитува нова емисија „Мој збор“ на мултилингвалното и мултикултурното, интернет радио „Мост“ (radiomost.net).

Темата на петочната емисија ќе биде: Креативна уметност.

Емисијата ќе опфати концептуализација на терминот „креативна уметност“, онлајн вклучувања и разговори со уметници од Хрватска и Македонија што се занимаваат со рачна изработка на предмети, проследување на музички нумери, како и разговори од студиото на модераторите на емисијата Магдалена Маг и Бобан Јовановиќ.