Во 4.50 поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 кон Маврово.

Во северните и северо-источните краеви на земјата има врнежи од снег и дожд и сообраќајот се одвива по влажни коловози, додека во останатите делови на земјата сообраќајот се одвива по местимично влажни коловози .

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.